Џенифер Лопез открила како се чувствува по повод одложувањето на венчавката со Алекс Родригез, поради пандемијата на коронавирусот.
„Никој не знае кога ќе биде“, започнала Џенифер со датумот за венчавката, а потоа додала:
„Навистина, моментално нема планирања. Само мора да чекате да видите како сето ова ќе се одигра. Разочарувачки е, знаете, после „Супер Боул“ и „World of Dance“ планиравме да се одмориме, всушност токму тоа и го правиме, но во исто време... имавме многу планови за ова лето, но и за оваа година, а сега некако сè е на чекање.“
Лопез рекла и дека се чувствува загрижено и постојано размислува за тоа што ќе биде кога е нејзината венчавка во прашање.
„Срцето ми е скршено, бидејќи имавме некои големи планови. Но, знаете што? Бог има поголем план, па едноставно мора да почекаме и да видиме“, рекла пејачката, па заклучила:
„Можеби тоа ќе биде и подобро. Морам да верувам дека ќе биде така.“