Неверојатно откритие под италијанско лозје – по неколку децении барање, пронајден староримски мозаик

Точка

28/05/2020

16:00

3.481

Големина на фонт

а а а

Научниците прво пронашле потенцијални траги и остатоци од римската вила во текот на истражувањата кои што ги правеле пред повеќе од еден век.

Римскиот под, украсен со мозаици е откриен под лозје во северна Италија, по една деценија потрага и ископувања, пренесуваат од Би-би-си. 

Истражувачите во провинцијата Negrar di Valpolicella, северно од Верона, ги објавиле првите фотографии од сочуваниот под кој што се криел неколку метри под земјата.

Судејќи според официјалните податоци, научниците прво пронашле потенцијални траги и остатоци од римската вила во текот на истражувањата кои што биле правени повеќе од еден век.

По подоцнежните проучувања на локалитетот, утврдиле дека поголем дел од вилата се наоѓа под земја, а во текот на истражувањата кои што неодамна биле направени, дошле до првите конкретни резултати.

На фотографиите кои што биле објавени, може да се види подот кој што е украсен со богат мозаик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг