Тотална распродажба во Јувентус: 11 играчи на трансфер листа, уште двајца може да им се приклучат

Дерби

28/05/2020

12:24

1.396

Големина на фонт

а а а

Весникот близок до клубот од Торино, „Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус подготвува вистинска летна „чистка“ на фудбалерите кои се под договор со нив.

Како што пишува италијанскиот медиум, Јувентус планира да продаде дури 11 играчи, а некои од нив пристигнаа во клубот минатото лето.

Голем дел од играчите би можеле да бидат искористени и како опција за размена на фудбалери со другите клубови од каде Јувентус си пикирал засилувања.

„Тутоспорт“ пишува дека на трансфер листа ова лето ќе бидат ставени: Миралем Пјаниќ, Матија Перин, Матија Де Шиљо, Даниеле Ругани, Кристијан Ромеро, Лука Пелегрини, Адриен Рабио, Гонзало Игуаин, Марко Пјаца, Роландо Мандрагора и Стефи Мавдиди.

За Пјаниќ е јасен интересот од Барселона, Рабио би можел да се пресели во Премиер лигата, а Игуаин би можел да се врати во родната Ааргентина. Останатите играчи би можеле да бидат продадени во италијанските клубови, освен Стефи Мавдиди кој не се прослави во Торино по неговиот трансфер од Арсенал, па би можел да биде продаден во Франција каде играше до сега во дресот на Дижон.

Судбината на Арон Рамзи и Даглас Коста на „Алијанц“ стадионот во Торино исто така не е позната па постои можност и тие двајца да си одат ова лето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг