Се огласи сестрата на убиениот Афроамериканец: Тие се убијци, го убија мојот брат!

Точка

28/05/2020

11:45

5.525

Големина на фонт

а а а

Сестрата на Афроамериканецот кој почина за време на полициска интервенција во Минеаполис се огласи и побара правда за својот брат, истакнувајќи дека отпуштањето на четворицата полицајци не е доволна казна.

„Тие се убијци, го убија мојот брат и врз нив мора да се изврши дополнителен притисок. Отпуштањето од полицијата не е доволно“, изјави Бриџит Флојд, сестра на настраданиот Џорџ Флојд.

Претставничка на полицијата од Минеаполис најави дека имињата на обвинетите полицајци ќе бидат објавени после разговорите со сведоците, но не прецизираше кога ќе се случи тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг