Документарецот тешко го обвинува Клинтон: Упорно негира дека бил на островот на оргиите, но сведоците тврдат нешто друго

Точка

28/05/2020

11:35

3.810

Големина на фонт

а а а

Додека новиот документарец "Jeffrey Epstein: Filthy Rich", со право се концентрира на неговите (во главно малолетни) жртви, тој исто така содржи и некои одвратни откритија во врска со моќните пријатели на покојниот милијардер педофил.

Тука е и претседателот Трамп, кој откако тврди дека откако "се разделил од својот пријател од Палм Бич, Епстајн, со него не разговарал 15 години". Една од жртвите на Епстајн, Вирџинија Жуфре, ги обвинува Епстајн и неговата десна рака Жислен Максвел, дека ја принудиле да има секс со принцот Ендру. 

Поранешниот претседател Бил Клинтон признал дека летал со приватниот авион на Епстајн, наречен "Lolita Express" - а дневниците за летовите велат дека летал во авионот најмалку 26 пати. Сепак, Клинтон вели дека остро одбивал да ги посетува резиденциите на Епстајн надвор од државата.

"Со Епстајн не разговарал повеќе од една деценија и никогаш не бил на островот Литл Сент Џејмс, ранчот на Епстајн во Ново Мексико или неговата резиденција во Флорида", изјавил прес-секретарот на Клинтон.

Но, голем број на соговорници во документарецот се потсетуваат дека го виделе Клинтон на Литл Сент Џејмс, приватниот остров на Епстајн на американските Девствени острови. Познат и како "Педофилски остров", тој бил главното престојувалиште на Епстајн и место каде ги носел своите малолетни жртви за да ги силува тој или некој од неговите влијателни пријатели.

"Тоа навистина е остров на оргиите, тоа се случуваш таму. Тоа го претставуваше тој остров за мене", вели Жуфре, додека Сара Ренсом, уште една жртва на Епстајн, наведува дека тој повеќе пати ја силувал на островот, некогаш и по три пати во еден ден.

"И Бил Клинтон беше на тој остров", вели Стив Скали, кој управувал со телекомуникациите за Епстајн на островот Литл Сент Џејмс од 1999-та до 2005-та година. "Го видов Бил Клинтон како седи со Џефри на тремот од дневната соба".

И Жуфре се сеќава дека таму го видела Клинтон. "Се сеќавам дека Клинтон и Епстајн вечераа таму заедно. Беше таму, но никогаш не видов да направи нешто непримерно", објаснила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг