Легендарниот Шек со искрен коментар за својата најголема слабост: Имам многу пари, богат сум, но Бог ме потсети дека…

Макфакс

28/05/2020

11:35

2.872

Големина на фонт

а а а

Шекил О'нил е еден од оние кошаркари кои вечно ќе бидат запаметени како едни од најдобрите во светот на НБА Лигата.

Популарниот Шек беше доминантен под кошевите и важи за вистинска легенда на кошарката и спортот во САД.

О'нил беше незапирлив во текот на целата своја кариера, а беше вистински ѕвер под кошевите, поради што многумина од противниците му се плашеа.

Сепак, еден сегмент во неговата игра беше ужасно лош. Тоа беа слободните фрлања од каде Шек никако не можеше да постигне поени.

На крајот на кариерата неговиот процент од „пенал линијата“ беше само 52% што е далеку, далеку од добро.

Тоа го знае и самиот О'нил кој неодамна изјави дека овој сегмент од неговата игра и тоа што никако не можел да го совлада е само потсетник дека никој не е совршен.

– Имам преубава жена, големо семејство и доста пријатели. Исто така имам многу пари, Ферари, шампионски прстени и куќи на море. Полицаец сум и актер, добро пеам и згоден сум. Сепак, моите проценти од линијата за слободни фрлања се потсетник од Бога дека никој не е совршен, - изјави О'нил.

Легендарниот Шекил во својата богата кариера освои четири шампионски прстени, а кариерата ја заврши со просек од 23 поени и 11 скокови по натпревар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг