Само еден играч има победнички учинок против Џордан, Брајант и Џејмс

Дерби

28/05/2020

10:41

1.434

Големина на фонт

а а а

Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс се три големи НБА легенди и често нивните имиња се предмет на дебата кога се поставува прашањето кој е најголемиот играч на сите времиња.

Секако има различни мислења, ставови на оваа тема, но дали знаете кој е единствениот играч кој има позитивен учинок во натпреварите против оваа голема тројка Мајкл-Коби-Леброн.

Се работи за легендата на Детроит Пистонс, Чонси Билапс кој дефинитивно е горд на овој податок затоа што не е мала работа да имаш ваков позитивен скор против имиња како што се овие три кошаркарски величини.

Чонси кој имаше одлична НБА кариера во која круна беше титулата со Детроит Пистонс во 2004 година и секако признание за МВП во тоа финале против Џордан заврши со 6 победи и 4 порази во меѓусебните дуели, потоа Коби го реши со 24-21, а пак против Леброн има најголема разлика, предност 22-17.




Спонзорирани линкови

Маркетинг