Грција воведува поволности за туристите: Еве што сè ќе поевтини ова лето

Точка

27/05/2020

23:53

5.229

Големина на фонт

а а а

Грција најавува воведување на многу придобивки, како што се поевтини летови до земјата, траект и автобуски билети, со цел да ги охрабри туристите ова лето да го поминат токму таму.

Откако владата објави дека туристичката сезона во земјата официјално се отвора на 15-ти јуни, Грција објави дека ќе им понуди на туристите поповолни билети за авионски летови на територијата на земјата, траекти, автобуси.

Покрај тоа, безалкохолните пијалоци, кафето, па дури и кино на отворено ќе бидат поприфатливи во однос на минатата година.


„Туристичката сезона ќе започне на 15-ти јуни, кога сезонските хотели ќе можат да се отворат. И од 1-ви јули, директните меѓународни летови постепено ќе започнат да патуваат кон нашите туристички дестинации“, изјавил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

За потсетување, отворањето на странскиот туризам во Грција се планира да се случи во две фази, почнувајќи од понеделник, 15-ти јуни, со отворање на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг