Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјавил дека е време Британија да продолжи понатаму после 'многу фрустрирачката епизода' во која неговиот најблизок соработник, Доминик Камингс е обвинет дека ги прекршил мерките воведени поради спречување на коронавирусот и се фокусира на победа против истиот.
„Тоа е многу фрустрирачка епизода и разбирам дека луѓето се загрижени, бидејќи земјата минува низ страшно тешко време“, рекол Џонсон пред парламентарниот комитет, пренесува „Ројтерс“.
Според него, она што мора да се направи е прашањето за Камингс да се стави настрана, бидејќи се плаши дека доста наводи може да се претворат во тотална невистина, пренесува британскиот „The Sun“.
„Кажав сè по тоа прашање“, рекол Џонсон и додал дека нема да има истрага по тоа прашање, бидејќи не е време таа да се покренува среде борба против Ковид-19.
Во британската јавност се кренала голема узбуна околу соработникот на Џонсон, Доминик Камингс, за кој е утврдено дека ги прекршил мерките кога отишол во посета на семејството во град оддалечен 260 километри од Лондон.