Тука “лежи“ златото на Хитлер? Го сокриле од Русите на тајна локација, но дневникот на офицерот од Третиот рајх откри сè...

Точка

27/05/2020

21:05

11.533

Големина на фонт

а а а

Под средновековниот полски замок би можело да биде сокриено над 10 тони нацистичко злато, пренесува британскиот портал „Daily Mail“, повикувајќи се на истражувачите од полско-германскиот фонд „Слешки мост“.

Станува збор за 28 тони злато, кое веројатно е сокриено на територијата на замокот Хохберг во Вроцлав.

Се наведува дека таму би можело да бидат сокриени и скапоценостите на богатите Полјаци, кои што морале да се предадат на единицата на Хитлер како последица на Црвената армија во текот на 1945-та година.

Експертите сметаат дека дошле до информации за тајното место на скапоценостите проучувајќи го дневникот на офицер од СС.

Дневникот го напишал Егон Оленхауер, на кој Хитлер му наредил да го сокрие нацистичкото злато.

Се смета дека офицерот од Третиот рајх сокрил 260 камиони различни вредни работи. Во неговиот дневник се зборува за 11 места на кои би можело златото да биде сокриено.

Доколку претпоставките на истражувачите се вистинити, во Полска би можело да бидат закопани скапоцености во вредност од околу 1.3 милијарди евра. Меѓутоа, научниците сè уште не добиле дозвола за ископување, што ја отежнува целата работа.

Претставниците од фондот тврдат дека веќе добиле прелиминарно одобрување за спроведување на работата од страна на сопственикот на замокот.

Дневникот на Егон Оленхауер стана познат во 2018-та година. Според тврдењата на истражувачите, кога Црвената армија почнала со офанзивата, Хитлер наводно наредил камионите кои што биле преполни со скапоцени работи да се сокријат.

Се истакнува дека станува збор за 30 тони злато и уметнички дела од Караваџо, Ботичели и Рафаело.

Ракописот бил чуван во една од германските религиозни организации, која што се смета за масонска ложа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг