Точка ТВ: Феномени кои ниту науката не може да ги објасни – синдром на странски акцент, ксеноглосија и дежа ву

Точка

27/05/2020

20:20

3.932

Големина на фонт

а а а

Нашиот јазик ни е даден со раѓањето и го нарекуваме мајчин јазик, тој е наш знак за распознавање и никогаш не може да се смени или пак заборави. Но, мал процент од луѓето ширум светот докажува дека тоа не е така. Замислете, едно утро се будите и зборувате друг јазик, пример шпански. Да, тоа постои!

Една од најбизарните појави во неврологијата е појавата на странски акцент која што се случува кај луѓето кои што доживеале некаква повреда на главата.  

Терминот „синдром на странски акцент“ во 1982-та година го создал невролингвистот Хари Витакер, а досега со таков синдром се забележани околу 100 случаи ширум светот.

Пример за ваков синдром е Карен Бутлер која што по операција на забот, почнала да зборува англиски и ирски јазик, иако никогаш претходно во животот не патувала во Европа ниту пак слушнала таков акцент.

Науката како и секогаш се труди да даде логично објаснување. Според неа луѓето со ваквото пореметување имаат проблеми да создадат самогласки, па поради тоа создаваат друг ритам на јазикот.

Многу покомплексно и потешко објаснување е појавата која што се нарекува ксеноглосија. Станува збор за феномен кој што се појавува кај луѓето кои што се будат од кома, а тогаш тие почнуваат течно да зборуваат некој друг јазик.

Најнов случај на овој феномен е случајот со младото момче од САД, кое што во текот на играње рагби се здобило со повреда на главата. 16-годишниот Рубен по будењето од кома почнал течно да зборува шпански јазик, додека пак целосно го заборавил англискиот јазик.

Еден поблаг облик на вакви појави е појавата која што речиси сите сме ја доживеале – дежа ву.

Овој феномен, „веќе видено“, се однесува на некои настани или пак одредени места. Станува збор за чест феномен кој што го доживеале речиси 70 отсто од луѓето, најчесто младите (помеѓу 15 и 25 години).


Често се појавува и кај луѓето со епилепсија. Објаснувањата за истото се различни, но едно од наједноставните се поврзува со сеќавањата од раното детство на поединецот со што се активираат повторно преку гледање предмети или пак посета на некое место.

Д-р Брајан Веис, забележал дека луѓето кои што имаат дежа ву, не само што имаат чувство за околината, туку истата им е многу блиска (како на пример некоја куќа во која што веќе живееле).

Нејасно е зошто оваа појава е толку малку истражувана, а за неа речиси секојдневно се зборува преку споделување на искуствата на луѓето кои што се во наша близина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk