Флик неверојатен на клупата на Баерн Минхен, подобар учинок од него има само…

Дерби

27/05/2020

16:43

1.720

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс Дитер Флик откако седна на клупата на германскиот клуб бележи само одлични резултати.

Во текот на вчерашниот ден Баерн Минхен славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд и со тоа опасно се доближи до шампионската титула во Бундеслигата.

Флик е доста успешен на клупата на „баварците“, а за тоа говори и податокот дека подобар скор од него по првите 18 средби има само Пеп Гвардиола кој во сезоната 2013/14 запиша 16 победи.

Ханси Флик на почеток беше поставен како привремено решение, но сега ќе остане во Баерн Минхен подолго откако ги задоволи апетитите на управата на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг