Трамп се заканува: Ќе ги изгаснеме сите социјални мрежи

Точка

27/05/2020

16:37

3.941

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се заканил дека ќе ги изгасне сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативците.

Трамп на Твитер се огласил откако таа мрежа го обележала неговиот твит и нагласила дека треба да се проверуваат информациите кои ги објавува. 

Имено, ова е прв пат Твитер да ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите кои ги објавува американскиот претседател.

Трамп после тоа оценил дека Твитер се меша во американските претседателски избори и ја гуши слободата на говорот.

Мрежата Твитер претходно трпела притисоци бидејќи не обраќа внимание и не ги проверува објавите на претседателот Доналд Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг