Кипар ги повикува туристите и ветува: “Ако се заразите со коронавирус, ние ви го плаќаме лекувањето”

Точка

27/05/2020

13:46

3.093

Големина на фонт

а а а

Трае борбата за привлекување на туристи по укинувањето на вонредната состојба, а еве како тоа го прави Кипар...

Кипар вети дека ќе ги покрие трошоците на секој кој ќе биде позитивен на коронавирусот во текот на одморот на овој остров во Средоземното море.  

Владата на Кипар соопшти дека ќе ги покрие трошоците за привремено сместување, храна, пијалаци и лекови за пациентите кои се заболени од коронавирус и нивните семејства. Пациентите ќе мора да го платат само возењето со такси до аеродромот поради летот до дома.


За странските патници кои ќе бидат позитивни на тестот ќе биде одвоена болница со 100 кревети, а за пациентите во критична состојба ќе бидат резервирани 112 места на интензивна нега и 200 респиратори. За сместувањето на семејствата на пациентите и останатите блиски контакти ќе биде издвоен посебен “карантински хотел” со 500 соби.

Ваквите информации се наоѓаат во писмото на 5 страници кое е испратено до авиопревозниците и туристичките агенции. Во него се опишани строгите здравствени и хигиенски протоколи кои ќе стапат на сила на Кипар.


Туризмот има директен удел во кипарската економија од 13 отсто. Државата очекува оваа година да изгуби 70 отсто од 2,6 милијарди проценетиот приход од туризмот во оваа година.

Меѓународните летови на Кипар почнуваат од 9 јуни иницијално од 19 земји, а патниците мора да се тестираат на Ковид-19 три дена пред пристигнувањето. Ваквата мерка ќе биде укината на 20 јуни за 13 земји помеѓу кои се Германија, Финска, Израел, Грција и Норвешка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг