Поставени две фотоволтаични централи во Прилеп

Макфакс

27/05/2020

13:29

675

Големина на фонт

а а а

Две фотоволтаични централи со моќност од 15 и 16 киловатчасови за производство на зелена електрична енергија од соларните зраци се поставени на две регионални јавни институции – регионалниот пазар во Прилеп и регионалниот Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.

„ Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на овој начин овозможува произведената зелена енергија да намали испуштање на најмалку 56.000 килограми годишно на CO2 во атмосферата во Пелагонискиот регион и намалување на трошоците за електрична енергија на овие две регионални јавни институции“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според него овој проект придонесува кон заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион преку искористување на обновливите извори на енергија.

„ Еден од системите на обновливите извори на енергија кој што воопшто се користи во општеството, а тоа посебно се направи во нашиот град, како реакција на пелагонискиот плански регион направивме два проекти тоа е од минатата година, фотовонтаични системи во градскиот пазар во Прилеп и во Дневниот центар за целебрална парализа. Вакви проекти се од особена важност токму за сите нас во Прилеп“, вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски

Вкупниот буџет за проектот е 3.319.199 денари, од кои општината Прилеп учествува со 149.707 денари.

„ Ова е еден од проектите во Центарот за развој на пелагонискиот регион кои што беа за 2019 година, исто така во 2019 имавме одобрени проекти од околу 40 милиони денари за цел пелагониски регион во кои беа вклучени сите 9 општини, додека за оваа година имаме одобрени проекти од 38 милиони денари за цел пелагониски регион исто преку оваа програма за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, секако пак е тука вклучен Прилеп со набавка на едно комунално возило за собирање на отпад“, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг