Поради губење на работата, секој петти Хрват не може да ги покрие трошоците за храна и комуналии

Макфакс

27/05/2020

13:28

754

Големина на фонт

а а а

Најмалку 18% од населението во Хрватска, или повеќе од 720.000 луѓе веќе во првите два месеци од економската стагнација не можат да ги намират основните животни потреби. Ова е резултат од истражувањето на Европскиот институт „Бругел“ од Брисел.

Кога започна пандемијата, хрватската влада почна да исплатува плати за околу половина милион работници на чекање, во износ до 500 евра, што треба да трае три месеци, пишува „Себиз“.

Доколку немаше државна помош, ситуацијата ќе беше неспоредливо потешка. Во тој случај, околу 50 проценти од хрватските граѓани – во период од два месеци, откако ќе изгубат работа или ќе ги намалат платите – нема да имаат доволно пари за храна и сметки, се вели во резултатите од истражувањето.

Ова укажува на непроценливата улога на државата, која издвои средства за спасување на работните места и компании. Меѓутоа, ако не се следат овие мерки и ако економијата не закрепне, сиромаштијата ќе се зголеми.

Хрватска е на дното на скалата на Европската Унија, под Литванија, Латвија и Словенија. Состојбата во Унијата е исто така загрижувачка. Наодите покажуваат дека скоро 100 милиони луѓе, во 21 земја, немаат доволно заштеда за двомесечни трошоци за храна, комунални услуги, станарина или кредит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг