Бајден го нападнал Трамп бидејќи не носи маска: Тој е будала, тоа се мачо глупости

Точка

27/05/2020

22:10

2.088

Големина на фонт

а а а

Претседателскиот кандидат на американските демократи, Џо Бајден, изјавил дека носењето на маска во јавност поради сузбивање на ширењето на коронавирусот покажува лидерство и воедно го нарекол будала својот републикански ривал и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп.

Недостигот на цврсто лидерство на Трамп, вели Бајден, во текот на пандемијата однело човекови животи. 

Бајден во текот на пандемијата останал во својот дом во Далавер и ја замрзнал својата политичка кампања.

На Денот на сеќавањето, прв пат од март, се појавил во јавноста носејќи црна маска.

Тоа го привлекло вниманието на новинарот на "Fox News", Брит Хјум, кој на Твитер објавил фотографија од Бајден со коментар: "Ова би можело да објасни зошто Трамп не сака да носи маска во јавност".

Трамп и натаму на јавните манифестации одбива да носи заштитна маска.

"Тој е будала. Со своето лидерство би требало да е пример. Дури и водечкиот светски лекар вели дека треба да се носи маска во метежи", рекол Бајден.

Тој однесувањето на Трамп го нарекол "мачо глупости", а таквата пракса "лажна машкост" која чини човечки животи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг