Претседателот на Филипини донел одлука: Нема да дозволи децата да се вратат во училиште сè додека не биде достапна вакцина против коронавирусот

Точка

26/05/2020

20:57

976

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, изјавил дека нема да им дозволи на учениците да се вратат во училиште сè додека не биде достапна вакцина против коронавирусот.

Гардијан“ пренесува дека филипинското министерство за здравство пријавило 13 смртни случаи и 350 новозаразени, што е најголем пораст за еден ден во последната недела. Вкупниот број на заразени сега е 14.669, а починале 886 лица.

Децата во Филипини требало да се вратат во училиште кон крајот на август, откако во март биле затворени овие установи и била запрена наставата за 25 милиони ученици од основните и средните училишта.


Сепак, претседателот Дутерте рекол дека ризикот и понатаму е преголем и дека е рано учениците да се вратат во училишните клупи.

„Сè додека во целост не бидат сигурни, бесмислено е да се зборува за настава во училиштата. Според мене, пред сè треба да се обезбеди вакцина, дури не мора ни да завршат училиште дотогаш“, порачал Дутерте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг