Експертите загрижени: „Земјиното магнетно поле се распаѓа, сателитите и вселенските летала имаат технички проблеми...“

Точка

26/05/2020

19:56

9.419

Големина на фонт

а а а

Научниците досега немаат одговор поради што се случуваат ваквите процеси, но открија дека моќта на земјиното магнетно поле се намалува.

Научниците открија дека моќта на земјиното магнетно поле се намалува. Магнетното поле е од витално значење за животот на нашата планета, затоа што не штити од космичкото зрачење и наелектризираните честички кои што ги емитува Сонцето.

Големо намалување на магнетниот интензитет е забележан помеѓу Африка и Јужна Америка, наречен Јужноатлантска аномалија, а истиот формирал центар на минимален интензитет за само пет дена.

Истражувачите претпоставуваат дека намалувањето на моќта на магнетното поле е последица на Северниот и Јужниот пол – ги менуваат местата, а последен пат тоа се случило пред 780.000 години.


Аномалијата прави пустош и на сателитите и другите вселенски бродови кои што летаат во тамошниот простор затоа што истите би можеле да се соочат со технички проблеми.

Ова откритие го осознала Европската вселенска агенција ESA, која што ги добила податоците од агенцијата Svarm.

Сателитите се посебно дизајнирани да идентификуваат и мерат различни магнетни сигнали кои што го создаваат Земјиното магнетно поле, овозможувајќи им на експертите да ги воочат подрачјата кои што ја намалиле нивната моќ.

ESA го проучува магнетното поле од крајот на 2013-та година.

Југен, од Германскиот истражувачки центар истакнал: „Новите, источни минимални јужноатлантски аномалии се појавија во последнава деценија и во последниве години интензивно се развиваат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг