Владата потврди: Од утре се укинува полицискиот час, а од четврток почнуваат со работа угостителските објекти

Точка

26/05/2020

19:22

4.071

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во 19 часот, посочи дека донесена е одлука од утре да се укине полицискиот час.

Еден ден подоца ќе почнат работат угостителските објекти, со утврден протокол.

Од 1-ви јуни, пак, ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа.

Исто така, државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за македонските државјани кои ќе допатуваат од странство.

Комисијата за заразни болести треба да направи проценка за отворањето на државните граници. Спасовски вели:

„Ова го правиме во координација со државите од регионот.“

Комисијата ќе треба да подготви протокол за работата на хотелите.

„Состојбата со коронавирусот е под контрола, а бројот на активни е стабилен“, рече премиерот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг