Од утре се укинува полицискиот час

Нетпрес

26/05/2020

18:15

8.411

Големина на фонт

а а а

Владата на денешната седница донесе одлука од утре да се укине полицискиот час, објави ТВ21.

Според извори на ТВ21, одлука има и за рестораните и кафулињата да започнат со работа од четврток (28.05.2020).

Одлуките ќе се дознаат во 19:00 часот кога и ќе биде прес конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг