Нов омилен начин на подготвување на јајца: Кралски појадок кој се јаде во секое доба од денот

Точка

26/05/2020

17:48

4.895

Големина на фонт

а а а

Јајцата Бенедикт се американски фаворит за појадок и бранч, а истите можете да ги припремите во вашиот дом со многу малку напор.

Највкусната варијанта на јајца со пржена шунка и сос можете да ја послужите со компири и салата и од неа да направите комплетен оброк… 

Потребни состојки:

Состојки за холандез сос:

- 3 жолчки

- 9 лажици путер

- прстофат сол и бибер

- 1 лажица свежо исцеден сок од лимон


За поширање:

- 2 јајца

- 2 лажички алкохолен оцет

- малку сол

- вода

За остатокот од јадењето:

- 2 парчиња шунка

- пециво

Подготовка на сос:

На тивок оган, во тава стопете го путерот – можете да ја користите и микробрановата печка. Во блендер или со рачен миксер измиксирајте ги жолчките, сокот од лимон, солта и биберот, со бавно додавање на стопениот путер.


Подготовка на поширани јајца:

Загрејте ја водата во тенџере на тивок до умерен оган. Додајте оцет и малку сол во неа и почнете да мешате со лажица додека не се создаде мал вртлог во водата во средината на тенџерето. Ставете го јајцето во тој вртлог (кое претходно сте го скршиле и ставиле во помал сад за полесно ракување) и гответе отприлика 2 минути.

Послужување на јадењето:

На тостирано пециво ставете парче пржена шунка и пошираното јајце, па сè заедно полијте го со холандез сосот. Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг