НБА ѕвездата ја воодушеви Америка: Ѝ оставил огромна напојница на келнерката заедно со порака на сметката

Точка

26/05/2020

17:25

4.983

Големина на фонт

а а а

НБА ѕвездата Андре Драмонд пријатно го изненадил персоналот на еден ресторан во Делреј Бич на Флорида, во кој на келнерката која го услужувала него и неговото семејство ѝ оставил напојница од 1000 долари, пренесува “ESPN”.

Рестораните во оваа сојузна држава започнаа да ги отвораат своите врати, но во помал опсег, откако беа затворени поради пандемијата на коронавирусот. 

Освен огромниот бакшиш, кошаркарот на Кливленд Кавалирс кој оваа сезона заработил повеќе од 27 милиони долари, на сметката во износ од 164,25 долари оставил и порака за келнерката: “Ви благодарам, бевте одлични”.

На рестораните на Флорида им е дозволено отворање за гости по присилната пауза поради коронавирусот, но можат да бидат пополнети само 25 отсто од својот капацитет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг