Кавани се договорил со Интер

Макфакс

26/05/2020

17:08

1.679

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на ПСЖ Единсон Кавани нема да го продолжи договорот со клубот туку ќе се врати во Серија А. Медиумите во Италија тврдат дека Уругваецот од наредната сезона ќе биде играч на Интер.

Според овие извори „Ел Матадор“ со Интер договорил тригодшна соработка и се согласил на помала плата од онаа што ја имал во ПСЖ.

Договорот на Кавани со ПСЖ истекува на 30 јуни и на 1 јули официјално ќе стане фудбалер на Интер.

33 годишниот Уругваец знае како е да се игра во Серија А, во периодот од 2007 до 2013 година тој играше за Палермо и Наполи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг