Ако може да се верува на сликата која вчера беше објавена на Ultras-Tifo.net, вчера во Чаир за време на полициски час се играло фудбал.
Фејсбук странта "Ultras-tifo.net вчера објави фотографија од Скопје, а на истата може да се види како се игра фудбал - и тоа за време на полициски час.
Фотографијата, според коментарите под неа, наводно е направена во Чаир, а ова не прв пат страницата да објави фотографија од ова игралиште.
Пред еден месец исто така беше објавена фотографија од истото игралиште, а и тогаш спортистите наводно го прекршиле полицискиот час.