Се вклучила во живо и поставила само една прашање - новинарката целосно се збунила, па веднаш била прекината

Точка

25/05/2020

22:32

5.758

Големина на фонт

а а а

Вклучување во живо од местото на настанот, кога можат да се случат непредвидени работи, навистина не е лесна работа.

Често поради технички проблеми или некои други непредвидени ситуации се случуваат и гафови на новинарите.

Токму тоа ѝ се случило на новинарка на РТС, Ана Стаменковиќ, кога се влучила во Дневник - доживеала непријатност, бидејќи немала тонска врска со студиото.

Таа почнала да зборува, но во еден момент ѝ се причинило дека ја изгубила врската со студиото, па престанала да зборува, само го прашала водителот дали Дневникот воопшто започнал.

Од студиото брзо реагирале, го прекинале вклучувањето, а Стаменковиќ подоцна повторно се јавила и ја одработила професионално својата работа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг