ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска, регистирани над 2000 молњи

Макфакс

25/05/2020

20:33

3.247

Големина на фонт

а а а

Загреб денеска напладне беше зафатен од силно невреме проследено со громотевици. Според хрватските медиуми, од невремето биле зафатени и другите делови на земјата, каде паѓал силен дожд пропратен со ветер и молњи.

Силен град паѓал во Вараждин, каде се забележани повеќе од 2000 молњи.

Поради невремето морале да интервенираат и пожарникарите. Ветерот откорнал парчиња од лим, на неколку места скршил гранки од дрвјата, пожарникарите испумпувале и вода од семејна куќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг