Хори заклучи една работа за Џордан и Коби по „Последниот танц“: Беше како да гледаш дух!

Дерби

25/05/2020

16:32

2.844

Големина на фонт

а а а

Роберт Хори е човекот кој имаше исклучителна НБА кариера со дури седум шампионски престени кои ги освои носејќи ги дресовите на Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс.

Додека беше во таборот на „езерџиите“ Хори директно соработуваше со Коби Брајант, односно одблиску можеше да види каков човек е „црната мамба“ кој на почетокот на оваа година го загуби животот во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. 

Меѓутоа Коби имаше свој удел и во „Последниот танц“, документарец во кој се појави и истакна што мисли за Мајкл Џордан, асот кој за многумина е најдобриот играч на сите времиња. Токму гледајќи го ова и целиот серијал за Џордан и Чикаго Булс, 49-годишниот Хори забележал некои работи кои едноставно биле исти за Џордан и Брајант.

-Беше навистина чудно да се гледа Џордан во „Последниот танц“ и да се слушнат сите тие зборови кои ги употребуваше и се останато. Како Коби да земал се што кажа, се што направи, неговите манири, неговиот јазик и само го копирал.

-Беше како да гледам дух и мразам да ги користам овие термини, но да го гледам Џордан тоа е како… како Коби научил се да прави како него до милиметар, па дури и да биде подобар во некои делови.

-Тој (Коби) беше одличен соиграч, одличен играч, еден од најпаметните играчи со кои некогаш сте можеле да играте, -истакна Хори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг