Српски психијатар поради невозвратена љубов ги отрул колегите со торта

Точка

25/05/2020

16:21

3.385

Големина на фонт

а а а

Еден млад лекар со српско потекло на своите колеги на психијатрија во еден австриски затвор им донел торта во која ставил разни лекови, пренесува виенското списание "Космо".

Лекарите кои ја јаделе тортата набрзо се пожалиле на мачнина, вртоглавица и други симптоми, а еден добил и зголемена температура. 

"Десет медицински работници јаделе од тортата, а осум или девет потоа имаа симптоми. Најпрво мислевме дека се заразени од коронавирус, меѓутоа по неколку дена се посомневавме во тортата", рекла една лекарка на психијатриското одделение на затворот.

Лекарот кој изел најголемо парче торта морал да биде префрлен во виенската Општа клиника "AKH", каде во крвта му била пронајдена зголемена доза на лекови бензодиазепини (диазепам, лексилиум) и труксал, кои се користат во психијатријата. Меѓу "дрогираните" лекари бил и шефот на психијатријата во затворот, уште двајца лекари, и други.

Откако било откриено дека повеќе лекар се "онеспособени", кон средината на месецот, полицијата во четвртокот дошла на работното место на младиот психијатар, но тој повеќе не се појавувал на работа, а чуварите организирале потрага по осомничениот и го пронашле во едно кафуле.

Тој бил уапсен и префрлен во истражен затвор, а што се однесува до мотивот, медиумите шпекулираат дека бил незадоволен поради невозвратената љубов од колега.

"Зошто донел отровна торта не ни е јасно. Со тоа им наштетил на луѓе кои немаат врска со невозвратената љубов", рекол еден лекар за виенскиот дневник "Heute".

Инаку младиот лекар, кој специјализирал психијатрија, најпрво сакал да биде хирург, но потоа специјализирал психологија и важел за надеж во своето окружение.




Спонзорирани линкови

Маркетинг