„Поради силната пневмонија, луѓето ќе се гушат...“: Пред 12 години оваа жена предвидела дека во 2020 година човештвото ќе пати

Точка

25/05/2020

16:25

4.942

Големина на фонт

а а а

„Во околу 2020-та година, можеби и таа година, ќе се појави застрашувачка болест која што ќе се манифестира како моќно воспаление на белите дробови. Поради силната пневмонија, луѓето ќе се гушат, ќе се молат да починат. Тоа ќе биде насекаде во светот“.

Ова ужасно предвидување го изнела Силвија Браун, авторка која сето тоа го опишала во 2008-та година во книгата „Крај на деновите: Предвидувања и пророштва за крајот на светот“.

Иако коронавирусот не е директно условен од пневмонија, секако дека еден од неговите симптоми е воспаление на белите дробови, особено кај посериозните случаи кои што завршуваат на респиратори.

Во книгата Силвија Браун во неколку пасуси пишува за нешто што непогрешливо личи на епидемијата коронавирус, но луѓето повеќе се интригирани од тоа што го напишала во продолжение:

„Самиот почеток на болеста ќе биде помоќен во продолжение, но потоа одненадеш ќе исчезне исто како што ќе се појави. Повторно ќе нè нападне 10 години подоцна и потоа целосно ќе исчезне“ – напишала Браун, која што инаку починала во 2013-та година.


На теоретичарите на заговор не им било потребно многу време за да се огласат на социјалните мрежи и да го нагласат ова пророштво.

Успехот на прогнозите на Силвија Браун во текот на нејзиниот живот бил половичен. Неколку пати таа прецизно предвидела земјотреси и поплави ширум светот, како и активирањето на некои од вулканите во 21-от век.

Од друга страна, имала и неколку промашувања, како тоа од 2006-та година кога во живо на телевизија изјавила дека во Западна Вирџинија рударите по земјотресот ќе бидат затрупани под земја и дека ќе починат.

Земјотресот се случил, но ниту еден од рударите не починал туку сите биле спасени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг