Симеоне со интересна теорија застана во одбрана на својот стил: Сите имаат добри офанзивци, но….

Дерби

25/05/2020

11:16

1.296

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне често знае да биде критикуван поради дефанзивниот стил на игра кој го практикува неговиот Атлетико Мадрид, иако други знаат да потенцираат дека составот на Чоло е крајно компактен и дисциплиниран, а не ултра дефанзивец како што знае да се прикаже.

Тренерот на Атлетико Мадрид доби големи критики од англиската јавност откако неговиот тим го исфрли Ливерпул во Лигата на шампионите, но не само што овие реакции немаат големо влијание врз Аргентинецот, туку тој сега се обиде да навлезе во сржта, објаснувајќи зошто неговиот стил е практичен во модерниот фудбал.

– Зошто имаме подефанзивен стил? Секој ден има се подобри играчи во фудбалот, но се почесто има полоши играчи во одбрана. Се почесто гледаме лоши екипи во одбрана, па на крајот победуваат оние кои подобро се бранат. 

– Клучот е одбраната. Сите големи тимови имаат добри офанзивци во нападот. Во секој добар и голем тим, очекувано е да има добри напаѓачи кои треба да нанесуваат штета на противникот. Проблемот е тоа што не знаат да се бранат, многу има малку кои знаат да се бранат, – објаснува Чоло за „Фокс Спортс“ и за крај порачува. 

– Ќе ве потсетам на нашата прва етапа во Атлетико. Играа Арда Туран, Диего Рибас, Фалкао и Адријан. Бекови беа Хуанфран кој од крилен играч стана бек и Филипе Луис кој повеќе напаѓаше отколку што се бранеше. И покрај тоа, сите сакаа да доловат дека сме дефанзивни, – завршува Аргентинецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг