Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Макфакс

25/05/2020

11:19

5.420

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен сезонски грип со мали модификации. Во земјава се потврдени речиси 2.000 случаи и над 100 смртни случаи од коронавирус. Манасков вели дека не верува дека вирусот е смртоносен за сите и дека три месеци граѓаните се во карантин без потреба.

„Измамници нечесни !!!…

Вирусот не е смртоносен. Тој е обичен сезонски грип, со мали модификации … 

Не ви верувам дека овој Ковид-19 вирус е смртоносен на сите нас. Одма најдете ми еден од КОВИД19, доброволно се пријавувам да Ви докажам дека над нас се врши малтретирање… 

Три (3) месеци не држите во карантин со полициски час, без потреба. Ни го уништивте животот, бизнисот и здравјето. 

Цел свет е пуштен и функционира, одат на плажа се сончаат и уживаат, работат и функционираат. 

Само во Македонија постои вонредна состојба и полициски час која не е по меѓународни човекови закони и прописи. 

Нај убавиот дел од годината и нашиот живот го поминавме седејќи дома како да сме затвореници. 

Вие… !!!!…… Ако се плашите од коронавирусот земте си ги парталите и да се лечите дома. Немој нас да не замарате и уште не терате маски да носиме во ова жешко и казни ни пишувате за неносење. 

Засрамете се!!!!!!…. 

Ние во Вашите убедувања не веруваме, ниту сакаме да веруваме. Ве молиме да не поштедите од овие измислици. 

Кој смета дека ќе се зарази да си седи дома. Нас граѓаните и компаниите повеќе не, не интересираат вашите убедувања. 

Едноставно, ви благодариме, не сме заинтересирани да ве слушаме и да ви веруваме. 

Немој повеќе да не замарате…!!!“, напиша Манасков на „Фејсбук“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг