Бразилскиот претседател противниците го нарекоа „убиец“ откако во саботата навечер излезе на улица по хот-дог, во денот кога рекордни 965 граѓани починаа како последица на коронавирусот.
Болсонаро во повеќе наврати ги прекршувал мерките за социјално дистанцирање кое ги издаде Министерството за здравство на Бразил, а тоа продолжи да го прави и овој викенд иако бројот на починати во Бразил се искачи на над 22 илјади.
Во Бразил се регистрирани над 347 илјади заразени со коронавирусот и сега оваа јужноамериканска држава се наоѓа на второто место по бројот на заразени со Ковид-19 во светот.
Како што пренесуваат бразилските медиуми, претседателот Болсонаро и покрај тоа безгрижно излегол на улиците по кока-кола и хот-дог, притоа воопшто не почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство.
Ова го навлече гневот на јавноста, а кога одредени граѓани го забележале на улиците започнале да му извикуваат „убиец, ѓубре и фашист“.
Bolsonaro come cachorro-quente em Brasília sob gritos de 'assassino'https://t.co/Q4ppAUYkmj #Correio24h pic.twitter.com/BrNXI324kH
— Jornal Correio (@correio24horas) May 24, 2020