Паника поради заразени стилисти: Започнале да работат и на Ковид-19 изложиле дури 140 клиенти

Точка

25/05/2020

11:05

991

Големина на фонт

а а а

Двајца американски фризери со денови оделе на работа, иако биле заразени со новиот коронавирус, па така потенцијално загрозиле дури 140 клиенти.

Најпрвин било откриено дека еден стилист во салон во Мисури се заразил со Ковид-19 и заразен доаѓал на работа, со што на заразата изложил 84 свои колеги и седум соработници. Ден потоа било откриено дека уште еден стилист од истиот салон исто така е позитивен на коронавирусот.

Тој стилист на работното место бил во контакт со 56 лица. И двајцата оделе на работа и покрај тоа што имале симптоми на коронавирусот.

Инаку, фризерските салони во Мисури беа отворени на 4-ти мај, а сите клиенти и работници мора да носат заштитни маски.

Здравствените власти порачаа дека работниците во салонот ги почитувале сите мерки, а благодарение на внимателното следење на контактите, откриени се сите лица кои биле изложени на стилистите заразени со коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг