Клубовите и баровите во Виена постепено се отвораат после ублажувањето на мерките, но тоа очигледно за овој балкански клуб значи дека се е вратено во нормала и коронавирусот е исчезнат.
„Балканската улица е жива“, пишува австриски „Хојте“, наведувајќи дека граѓаните на Виена веќе излегуваат со своите пријатели во угостителските објекти, но сепак во нив и натаму постојат строги мерки за ограничување.
На една маса смеат да бидат најмногу четири лица, а меѓу масите мора да има одредено растојание. Исто така, полицискиот час започнува во 23:00 часот.
Но, Австријците се шокирани од видеоснимката направена минатиот викенд во еден локал каде што не се почитува апсолутно ниту едно правило. „Хојте“ пренесува дека не е познато кога балканската забава завршила, но јасно е дека е прекршен полицискиот час, како и низа на правила за социјално дистанцирање.
Видеото можете да го погледнете на порталот на австрискиот медиум.