Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Макфакс

25/05/2020

10:08

1.448

Големина на фонт

а а а

Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попадневните часови ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 17 до 25 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди, но во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг