Трамп: Му се допаѓам на Путин, но не сака пак да бидам претседател, исто како и Кинезите

Макфакс

24/05/2020

18:16

2.436

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека неговиот руски колега Владимир Путин не сака тој да победи на претседателските избори во САД, кои се закажани за 3 ноември.

„Му се допаѓам на Путин, но не мислам дека сака да победам на изборите“, рече Трамп.

Тој додаде дека и Кина не посакува негова победа, пренесе „Спутник“.

Претходно, Трамп во повеќе наврати велеше дека никој не бил толку остар кон Русија како него. Американскиот претседател ваквите тврдења ги изнесе кога се соочи со обвинувања дака учествувал во завера со Русија, за наводно влијание врз резултатите од претседателските избори во 2016, што на крајот не се докажа. Москва исто така ги негираше ваквите обвинувања.

На претседателските избори во САД кои треба да се одржат кон крајот на годинава, Трамп ќе се бори за втор мандат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг