Грузискиот тенисер Басилашвили уапсен, ја претепал поранешната сопруга

Макфакс

24/05/2020

18:11

1.320

Големина на фонт

а а а

Најдобриот грузиски тенисер, светскиот број 27., Николоз Басилашвили е уапсен во Тбилиси поради семејно насилство и одредена му е кауција од околу 30 илјади евра, откако поранешната сопруга го обвини за семејно насилство.

Басилашвили, кој е носител на три АТП титули е еден од најпознатите спортисти во Грузија и вистинска спортска икона. Тој е обвинет дека ја истепал својата поранешна сопруга во присуство на нивното дете на 21 мај во селото Авчала. Ако е осуден, му се заканува затворска казна од три години.

28-годишниот Басилашвили стана првиот Грузиец со АТП титула на Европскиот опен во Хамбург во јули 2018 година, а истата година ја освои и втората титула на Кина опен во Пекинг. Третата титула тој ја освои повторно во Хамбург во 2019 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг