Демонстранти наредиле мртовечки вреќи пред Белата куќа: Не се задоволни како власта одговорила на пандемијата

Точка

24/05/2020

18:24

2.419

Големина на фонт

а а а

Група демонстранти кои сметаат дека администрацијата на Доналд Трамп не се носи добро со пандемијата на коронавирусот, пред Белата куќа наредиле мртовечки вреќи, пренесува „CNN“.

Некои од демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Колку гробови еден претседател може да ископа“, „Неуспехот на Трамп, наша загуба“, „Лагите се смртоносни“, известува „NBC News“.

Протестите ги организираа бројни активистички и политички групи меѓу кои и „Center for Popular Democracy“, „MoveOn“, „Indivisible“ и „Care in Action“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг