Израелскиот премиер се појави на суд поради обвиненијата за корупција

Макфакс

24/05/2020

17:48

887

Големина на фонт

а а а

Во судот во Ерусалим денеска започна судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху, кој е првиот израелски премиер на должност кој се соочува со кривично гонење, за кое лично тој вели дека е лов на вештерки.

Нетанјаху се појави во Окружниот суд во Ерусалим една недела откако положи заклетва за својот рекорден петти мандат. Тој застана на чело на владата за националното единство, по повеќе од една година политички ќор-сокак во Израел и три парламентарни избори што се одржа во рок од една година.

Во ноември, Нетанјаху беше обвинет за мито, измама и злоупотреба на должноста во три случаи, кои вклучуваат подароци од пријатели милионери и, наводно барање на регулаторни услуги за медиумски магнати во замена за поволно известување за политиките на владата.

Нетанјаху, кој ја води десничарската партија Ликуд, за судскиот спор портив него посочи дека е левичарски лов на вештерки со цел да биде соборен од власт.

Голема група демонстранти и новинари се собраа денес пред судот во Ерусалим, очекувајќи го неговото пристигнување.

Претходно денеска, Нетанјаху ја одржа првата седница на новата влада, на која никој не го спомена претстојниот судски процес.

Само министерот за религиозни прашања, кој е во заминување, Јаков Авитан, му порача на премиерот дека во текот на судењето „Бог ќе ја изнесе вистината на виделина“.

Доколку се потврдат обвиненијата против него, Нетанјаху се соочува со казна затвор од над десет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг