„Алигаторот на Хитлер“ почина во зоолошката градина во Москва

Макфакс

24/05/2020

16:34

4.907

Големина на фонт

а а а

Алигаторот кој ја преживеа Втората светска војна и за кој се зборува дека му бил љубимец на нацистичкиот водач Адолф Хитлер починал во московска зоолошка градина. Зоолошката градина соопшти дека алигаторот, по име Сатурн, имал околу 84 години и починал во петокот.

Според зоолошката градина, Сатурн е роден во САД, а подоцна бил испратен во зоолошка градина во Берлин, од каде избегал кога зоолошката градина била бомбардирана во 1943 година. Податоците за него останале непознати до 1946 година кога го пронашле британски војници и го предале на московската зоолошка градина.

„Речиси веднаш, се роди митот дека тој, наводно, бил во колекцијата на Хитлер, а не во берлинската зоолошка градина“, се вели во соопштението на московската зоолошка градина, пренесува Асошиејтед Прес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг