Пукање на новиот булевар во Бутел - престрелка поврзана со инцидентот во „Палас“

Точка

23/05/2020

21:56

15.918

Големина на фонт

а а а

Новоотворениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел во моментов е затворен од полициски специјалци по престрелка која се случила пред еден час на булеварот, пренесува „24 Инфо“.

Неофицијално, било пукано од возила во движење во друго возило, но нема повредени.

Според непотврдени информации, станува збор за престрелка меѓу две групи поврзана со инцидентот што се случи во хотелот „Александар Палас“.

Од МВР го потврдија инцидентот.

Во 17.47 часот О.И. пријавил дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош, новиот дел после подвозникот од десната страна, од два автомобили, едниот „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди А4“ црна боја од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје кон О.И., но никој не бил повреден. Пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Улиците се целосно блокирани, а граѓаните вознемирени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг