Видео: Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Макфакс

23/05/2020

18:28

4.395

Големина на фонт

а а а

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион среде лет.

Американците објавија фотографии и видеа од тестирањето на новото оружје кое уништува беспилотно летало во водите на Тихиот океан.

Системот што беше тестиран го нема ниедна друга армија во светот, а неговата намена е како оружје против борбени авиони, се вели во соопштението на американската морнарица.

Тестирањето е направено пред една недела, а иако не е сигурно колкава е јачината на ласерот, уште во 2018 година, Меѓународниот институт за стратешки студии во извештај забележа дека ласерот треба да има моќност од 150 киловати.

„Со ова ново напредно оружје, ќе ги редефинираме воените акции на американската морнарица“, рече Кери Сандерс, командант на морнарицата во Портланд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг