Ла Лига ќе продолжи на 8 јуни

Макфакс

23/05/2020

17:07

1.551

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Шпанија Педро Санчез објави дека Ла Лига може да продолжи од 8 јуни. Натпреварите ќе се играат пред празни трибини.

„Шпанија на прави сѐ што е потребно за да бидат створени адекватни услови за живот и сега е време народот да им се врати на секојдневните активности. Од 8 јуни повторно ќе гледаме фудбал во Шпанија“, рекол Санчез.

Премиерот Санчез во своето обраќање потврдил дека Шпанија за туристите ќе ги отвори границите од 1 јули.

Според планот на челниците на Ла Лига натпревари ќе се играат секој ден. До крајот на сезоната во Шпанија секој клуб треба да одигра по 11 натпревари.

На табелата во Ла Лига води Барселона со два бода повеќе од Реал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг