Аријана Гранде се присети на трагичниот настан на нејзиниот концерт кој се одржа на 22-ри мај, 2017-та година, кога имаше терористички напад во Манчестер арената во Лондон.
Либискиот напаѓач, Салман Рамадан Абеди се 'разнесе' на излезот од Арената откако заврши концертот. Покрај него, починаа уште 22 лица, а 119 беа повредени. Аријана после тој настан беше во шок, а откри и дека добила посттрауматско пореметување.
„Сакам да одвојам малку време за да им испратам љубов на сите кои се тажни и скршени поради годишницата која се наближува. Не поминува ни ден, а оваа трагедија да не влијае на мене и на сите вас. Ќе мислам на загинатите цела недела и викенд“, напиша Аријана пред некој ден и додаде дека ќе се помоли за нив.
Да потсетиме, нападот се случи во 22:30 часот за време на концертот во рамки на светската турнеја на Аријана. На концертот имало повеќе од 14.000 посетители.