Се сеќавате на заводникот од “Gossip Girl”? Денес има 32 години и нема шанси да го препознаете

Точка

23/05/2020

15:31

4.425

Големина на фонт

а а а

32-годишниот англиски актер Ед Вествик, времето поминато во карантин поради пандемијата на коронавирусот го искористил за спорт и често тренирал.

Актерот кој се прослави во популарната тинејџерска серија “Gossip Girl” објавил селфи на Инстаграм, позирајќи без маица по интензивниот тренинг. 

На фотографијата, Ед е свртен кон огледалото во сиво-розов шорц, а до израз доаѓаат неговите извајани стомачни мускули и затегнатите раце.

Исто така се видливи и тетоважите на актерот, а она што може да се забележи е неговата коса која е доста обелена во однос на времето кога глумеше во популарната серија од 2007 до 2012 година.

Ед на Инстаграм го следат речиси 7 милиони следбеници, а на оваа објава собрал речиси еден милион лајкови од обожавателите.

Актерот се повлече од светот на глумата откако во ноември 2017 година беше обвинет за неколку сексуални напади и обвиненија за силување од страна на 30-годишната актерка Кристина Коен и уште две други жени.

Ед ги демантирал сите обвиненија, а полицијата од Лос Анџелес го истражила случајот 3 години подоцна бидејќи актерката тврдела дека нападот се случил во 2014 година.

Случајот беше отфрлен во 2018 година поради недоволен број на докази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг