Жената донор која ја сплоти цела Македонија: Емилија Динева загина во трагична несреќа, нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Нетпрес

23/05/2020

14:12

5.871

Големина на фонт

а а а

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Од семејството на Динева за порталот Читај.мк порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Огромен успех за македонското здравство: Успешна првата трансплантација на срце во земјава

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Министерот Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце

- За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… ???? Прерано не напушти… Емилија Динева твоето срце душо продолжи да чука…, напиша Здравка Шурдоња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг