Дали вака ќе биде и во Грција? Еве како ги ограничиле плажите во Франција, луѓето очајни...

Точка

23/05/2020

21:57

8.651

Големина на фонт

а а а

Социјалното дистанцирање на плажите ова лето ќе се применува низ сите плажи во светот.

Многубројни летувалишта ширум светот морале да пронајдат начин како успешно да го остварат социјалното дистанцирање на плажите оваа година.

Додека Италијанците имаа идеја за развивање лежалки од плексиглас и големи куполи од бамбуси, во Франција примениле едноставна варијанта.


Плажите се заградени со јажиња, а фотографиите како тоа изгледа ги објавил некој корисник на групата на Фејсбук „Грција“, каде што ги прашал корисниците: „Дали вака ќе изгледаат и плажите во Грција оваа година?“.

Сепак, и покрај тоа што станува збор за мерки на безбедност и превенција од смртоносниот вирус, на многумина не им се допаднала оваа идеја која што се применува во Франција.


„Може сето тоа посуптилно и поубаво да се намести, ова изгледа глупаво“ – напишала некоја девојка во коментар.

„Ова е глупост, па не седиме ние на плажите в прегратки еден со друг“ – мислење на некоја друга личност.

„Сепак, кога малку подобро ќе погледнеш можеби и подобро е вака, барем на градските плажи да се избегне метежот“ – напишал трет корисник.


Сепак, имало и онакви луѓе кои што изјавиле дека подобро е така да се ужива на плажа, отколку никако.

Фотографиите од Франција настанати се на плажа во летувалиштето Grand Motte, на северот од земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг