Американски функционер со јасна порака: Ќе трошиме до бескрај за да ги поразиме непријателите Русија и Кина во нуклеарната трка!

Точка

23/05/2020

16:15

984

Големина на фонт

а а а

Специјалниот претставник на американскиот претседател за преговарање во врска со контролата на вооружувањето, Маршал Билингслеа порача дека САД се подготвени да трошат пари до бескрај за да ги победат Русија и Кина во новата нуклеарна трка.

„Претседателот јасно нагласи дека имаме испробана пракса тука. Ние знаеме како да победиме во ваквите трки и знаеме како со трошење на пари до бескрај да го поразиме непријателот“, изјави Билингслеа и додаде:

„Доколку биде потребно, тоа и ќе го направиме, но ќе ни биде подраго доколку не мораме“, изјави Билигнгслеа.


Сепак, факт е дека Соединетите Американски Држави се главниот актер кој ја предизвикува трката во вооружување со тоа што претседателот Доналд Трамп од почетокот на својот мандат ја повлекува својата земја од низа на договори.

Доколку наскоро нема потврда за обнова на „СТАРТ“ договорот со Русија, оваа трка ќе стане уште пожестока во иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг