Францускиот министер за финансии: Рено може да исчезне!

Точка

23/05/2020

13:01

3.793

Големина на фонт

а а а

Бруно Ле Мер, министер за финансии во владата на Франција предупреди дека без државна помош, познатата француска компанија Рено би можела да пропадне.

Ле Мер ја отфрли можноста за затворање на фабриките на францускиот гигант, но порача дека и Рено ќе мора да се прилагоди на новонастанатите услови на пазарот.

„Фабриките мора да продолжат со работа, но без помош од државата, Рено може да исчезне“, изјави Ле Мер кој додаде дека тој заедно со извршниот директор на компанијата работат на нов план кој треба да им овозможи да останат компетитивни на пазарот, но и да се минимализира бројот на отпуштени работници.


Иако француските медиуми тврдат дека државниот заем за Рено во вредност од 5 милијарди евра е „завршена работа“, Бруно Ле Мер за „Фигаро“ откри дека се уште не потпишал ништо и дека преговорите се уште траат.

Рено од друга страна на 27-ми мај треба да ја претстави новата стратегија, а министерот порача дека од компанијата се очекува во иднина да посвети повеќе внимание на развој на автомобили кои не ја загадуваат околината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг